Еден од македонските претставници во квалификациите за групната фаза во Конференциската лига на УЕФА, Силекс, под полна пареа се подготвува за настапите на меѓународна сцена.
Македонскиот прволигаш Силекс денес се тестираше со Дрита од Косово во Банско, Бугарија, победник на мечот немаше, а беа постигнати четири погодоци, за конечни 2:2. За македонскиот прволигаш погодоците ги постигнаа двајца дебитанти, Мартин Мирчевски од пенал и Миљан Говедарица кој беше прецизен со глава.