Каталонскиот фудбалски гигант Барселона реши на симболичен и историски начин да го одбележи 18. роденден на својот бисер – Ламин Јамал.
Младиот фудбалски ас, кој веќе е меѓу најсјајните ѕвезди на европскиот фудбал, од следната сезона ќе го носи легендарниот дрес со број 10 . Овој потег не е само чест за Јамал, туку и порака од клубот – иднината на Барселона е во неговите нозе.