Златан го брани Меси: Игра со фудбалери кои трчаат како да имаат вреќи цемент на нозете„Лео сè уште може да го запали стадионот и да прави нешта што 99 проценти од играчите не можат,“ истакнува Ибрахимовиќ Со тежок пораз од Пари Сен Жермен (4:0), Интер Мајами се прости од Светското клупско првенство, а со него иЛионел Меси, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Лионел Меси пред преселбата во МЛС лигата во Интер Мајами беше дел и од Пари Сен Жермен, но во францускиот клуб не успеа да се вклопи, а пред натпреварот на овие две екипи на Светското клупско првенство зборуваше за периодот во Париз.
Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.
Големата ѕвезда на американски Интер Мајами, Лионел Меси го сумираше настапот на својот клуб на Светското клупско првенство.