Италијанскиот стручњак дочека слатка одмазда и му се реваншираше на Пеп Гвардиола за поразот во финалето во Лигата на шампиони пред две години, такашто овојпат успеа да слави во неверојатен фудбалски трилер кој ги воодушеви неутралните фанови.
Сити имаше повеќе од играта и беше поконкретен тим во текот на сите 120 минути, но Ал Хилал подобри ги користеше своите шанси и на крајот славеше со 3:4. Англискиот тим поведе со голот на Бернардо Силва од непосредна близина, меѓутоа Ал Хилал брзо стави до знаење дека нема да биде лесен противник, па со два гола на Леонардо и Малком на стартот на вториот дел направи пресврт.