Поранешниот капитен на премиерлигашот Ливерпул, Џордан Хендерсон денеска дојде пред „Енфилд“ како би му оддал почит на Диого Жота.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.
Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.