Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повторно ја одби Барселона.
Во миговите кога трансферот на Нико Вилијамс во Барселона беше готова работа, стигна целосен пресврт, односно дека крилниот фудбалер нема да потпише за тимот од Каталонија.
Трансферот на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, во Барселона пропадна бидејќи шпанскиот репрезентативец сакаше да вклучи клаузула во договорот што ќе му дозволи да си замине доколку клубот не го регистрира, откри Атлетик.