Според информациите, 23-годишниот репрезентативец на Шпанија имал усмен договор со Барса, но неговите агенти инсистирале во договорот да стои одредба според која тој би можел да ја напушти Барселона како слободен играч ако не биде регистриран до 20 август.Сепак, спортскиот директор на Барселона, Деко, категорично одбил да прифати ваков услов, иако, како што се наведува, имало слични случаи во минатото, вклучувајќи го и примерот со Дани Олмо.