Мбапе погоди со ножички во завршницата од натпреварот , а голот не го прослави еуфорично и го посвети на Диого Жота покажувајќи број 20 со рацете пред камерата што се наоѓаше зад аголот.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не само што покажа дека е во одлична форма со третиот гол за „кралевите“ против Борусија (Дортмунд) во 1/4-финалето на Светското клупско првенство, туку покажа и високи морални квалитети.