Изминатата година, Министерството за локална самоуправа ја потврди својата клучна улога како двигател на рамномерен развој и партнер на секоја општина и секој граѓанин, рече н денешата прес-конференција Златко Перински заблагодарувајќи им се на новинарите за професионалната соработка и континуираната поддршка, особено во делот на навремено, точно и објективно пренесување на информациите во периодот откако ја врши функцијата министер за локална самоуправа Направивме реална процена на состојбите на терен и увидовме дека на општините им е потребен енергетски поттик за да заживее локалната економија и да се подобри квалитетот на инфраструктурата.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска повторно упати апел до опозицијата да ги поддржи предложените измените и дополнувања на Законот за локална самоуправа, што го поминаа и второто собраниско читање, а за кои е потребно Бадентерово мнозинство.
Најнапред, дозволете ми искрено да ви се заблагодарам за професионалната соработка и континуираната поддршка, особено во делот на навремено, точно и објективно пренесување на информациите во периодот откако ја вршам функцијата министер за локална самоуправа, рече на прес-конференција министерот за локална самоуправа, Златко Перински.