Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, синоќа бил уапсен од црногорската полиција поради серија сообраќајни прекршоци, меѓу кои и претекнување преку полна линија и пречекорување на дозволената брзина. Sport1
Според пријавата од полицијата во Херцег Нови, Савичевиќ возел брз, претекнувал преку полна линија, а потоа и одбил да му биде извршен алко-тест.
Само за потсетување, Дејан Савичевиќ неодамна доби нов четиригодишен мандат на чело на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора. Ekipa
Причината за апсењето на првиот човек на црногорскиот фудбал се неколку сообраќајни прекршоци.
Савиќевиќ е предаден на судија за прекршоци и веднаш осуден на парична казна. Republika