Алегри на првата прес-конференција кажа дека очекуваат Модриќ да им се приклучи на новите соиграчи во август.
Масимилијано Алегри утре ќе ја има првата прозивка по враќањето на клупата на Милан, а искусниот стратег ја објави листата на фудбалери кои ќе треба да се појават на првиот тренинг, на кои подоцна ќе смета и во текот на сезоната 2025/26. Она што веднаш падна во очи, на неа го нема Тео Хернандез, како уште еден јасен предзнак дека левиот бек е подготвен да си замине во текот на летниот преоден рок.