Жоао Педро дојде од плажата, постигна два спектакуларни гола, па се извинуваше (Видео)Фудбалерите на Челси се првите финалисти на Светското првенство за клубови откако синоќа во полуфиналето го победија Флуминенсе со резултат 2:0. Херојот на победата на „сините“ беше Жоао Педро, кој дојде на екипата дополнително, од „плажата“ и годишниот одмор, а вечерва против својот матичен клуб постигна два прекрасни гола, во 18. и 56. минута.