Легендарниот 38-годишен англиски напаѓач, Џејми Варди, се збогува со Лестер на крајот од минатата сезона, клубот за кој играше 13 години и со кој сензационално ја освои титулата во Премиер лигата во 2016 година, и оттогаш е без клуб, а за него интерес покажуваат повеќе клубови.
Споре последните информации на британските медиуми, Варди ќе остане во Европа, интерес за него има и од Валенсија, а Англичанецот наводно нема ништо против да живее во Шпанија.