Тој има уште една година од важечкиот договор со Јувентус, што значи дека следното лето би заминал без никаква отштета.
Ова се првите активности кои Јувентус ги презема во раната фаза од летниот преоден рок, но според италијанските медиуми, сега следат најсложените денови, бидејќи пред да се тргне по потрага на уште еден напаѓач, клубот сака по секоја цена да се ослободи од Душан Влаховиќ.
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во блиска иднина за сума што не надминува 15 милиони евра.