Тоа беше двомеч во баражот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа, а Вардар прво дома победи со 2:0, а потоа славеше и во Истанбул со 2:1. По тој меч, Вардар одигра шест дуели во групната фаза и претрпе пет порази, а само еднаш одигра нерешено, и тоа против Розенборг (1:1). Вардар и наредната сезона играше во Европа, но веднаш беше елиминиран,и тоа од Пјуник (порази со 0:2 и 0:1). Тоа значи дека Вардар има седум порази и само едно реми во последните осум меча на европската сцена.