Болоња денеска и официјално го потврди ангажманот на Чиро Имобиле, 35-годишниот напаѓач се враќа по една сезона мината во турскиот клуб Бешикташ.
Легендата на Лацио и италијанскиот фудбал, Чиро Имобиле потпиша едногодишен договор со Болоња со можност за продолжување на уште една сезона.
Чиро Имобиле и официјално е нов фудбалер на Болоња. Vecer
Тој потпиша договор на 1+1 година со Минатата сезона Имобиле ја мина во дресот на турски Бешикташ, каде во 30 меча во турската Супер лига, постигна 15 голови.
Претходно настапуваше за Лацио, Севиља, Торино, Геноца, Јувентус. Ekipa
Италијанскиот 35-годишен напаѓач го напушти Бешикташ и се врати во татковината, но не во Лацио, каде што се прослави и беше капитен, туку во Болоња, која во следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Договорот на Имобиле со Болоњезите е на една сезона, со опција за продолжување за плус уште една. Sportmanija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Чиро Имобиле и официјално е нов фудбалер на Болоња.
Поранешниот прв стрелец во Серија „А“ Чиро Имобиле, после една сезона се врати во италијанскиот фудбал, и беше промовиран во дресот на Болоња.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе биде активен и во продолжение на летниот преоден рок, а приоритет на претседателот Флорентино Перез е да го продаде Родриго, по што ќе комплетира два други трансфери.
Светското клупско првенство донесе јасен сигнал дека новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, повеќе не смета на бразилскиот офанзивец Родриго.
Ливерпул ова лето постави рекорд во Премиер лигата откако за 125 милиони евра го ангажираше Флоријан Вирц, но црвените се подготвени да ја урнат и таа бројка за да го добијат играчот кој го посакуваат.
Англискиот шампион Ливерпул планира да постави нов трансфер-рекорд и да го урне претходниот на Флоријан Вирц, кој пристигна во редовите на гигантот за 125 милиони евра, меѓутоа најпрво мора да продаде тројца фудбалери пред да испрати понуда за Александар Исак од Њукасл.
Боависта во претходната сезона испадна од елитата, меѓутоа не успеа да добие лиценца за натпреварување поради финансиски проблеми и поради тоа Комисијата за лиценцирање соопшти дека тимот се сели во уште понизок ранг.
Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во петтата лига, објави Комисијата за лиценцирање при Фудбалскиот сојуз на Португалија.
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Башкими својата главна фаза од подготовките за новата сезона ќе ја одржи во соседна Бугарија.
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Башкими од Куманово, главната фаза од подготовките за сезоната 2025/2026 ќе ја одработи во Банско, Бугарија.