Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота (28) и неговиот помлад брат Андре Силва (26) сè уште е во центарот на вниманието на светската јавност!
Двајца португалски камионџии, кои директно сведочеле на трагичната несреќа во која животите ги загубија Диогу Жота (Ливерпул) и неговиот брат Андре Силва (Пенафиел), ја негираат официјалната верзија на шпанската Цивилна гарда дека возилото било управувано со прекумерна брзина, објави утрово шпанскиот национален дневен весник Marca.
Причината не е онаа која ја објави полицијата: Сведок на несреќата во која загина Жота открива нови деталиШпанската полиција неодамна објавила дека главната причина за сериозната сообраќајна несреќа во која загинале фудбалерите Диого Жота и неговиот брат Андре Силва е неприлагодената брзина.