Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историјаЛиверпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите за да оствари рекорден трансфер во Премиер лигата.
Англискиот шампион Ливерпул планира да постави нов трансфер-рекорд и да го урне претходниот на Флоријан Вирц, кој пристигна во редовите на гигантот за 125 милиони евра, меѓутоа најпрво мора да продаде тројца фудбалери пред да испрати понуда за Александар Исак од Њукасл.