Веќе нема слаби противници во Европа, сите играат фудбал, е фраза која често се користи во последно време, а се чини и дека станува реалност.
Фудбалерите на Борац Бања Лука им приредија големо разочарување на своите фанови, откако во првото квалификациско коло од Конференциската лига запишаа убедлив пораз на свој терен од „аматерскиот“ тим на Санта Колома од Андора (1-4). Босанскиот тим, кој минатата сезона имаше историски настап на меѓународна сцена и стигна до осминафиналето во Конференциската лига (поразен од Рапид по изведувањето на пеналите), вечерва целосно потфрли и дозволи дебакл пред своите навивачи.