Почна чистката во Мадрид: Алонсо отпиша шест фудбалер на РеалСветското клупско првенство во Реал Мадрид го искористија за да видат кои играчи се вклопуваат во визијата на новиот тренер Xаби Алонсо, а кои кралскиот клуб ќе се обиде да ги продаде веќе ова лето.
Реал Мадрид не само што доживеа убедлив пораз од ПСЖ, туку и играта им изгледаше очајно, кралскиот клуб буквално беше понижен на теренот, а тоа не му се допадна на Флорентино Перез.
Флорентино Перез на крајот од минатата сезона одлучи дека е време да му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката откако немаше многу светли резултати со Реал минатата сезона.