Како што беше најавено, сега е и официјално – Џордан Хендерсон е нов фудбалер на Брентфорд.
Поранешниот капитен на Ливерпул се враќа на терените на Премиер лигата.
Хендерсон претходно помина 12 години во Ливерпул, со кој освои Премиер лига, Лига на шампиони, ФА Куп, два Лига купа, Комјунити Шилд, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.
Во јули 2023 година премина во саудискиот Ал-Етифак, кој го водеше неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард, но по само шест месеци спогодбено го раскина договорот и на почетокот на 2024 година премина во Ајакс. Sportski
Џордан Хендерсон пред две години неочекувано си замина од ПРемиер лигата и замина во Саудиска Арабија, но сега на исто така доста неочекувано се враќа во англиската елита, и тоа да игра за клуб кој има поинакви амбиции од оние на коие навикна во Ливерпул. Derbi
Сакам да им помогнам на помладите момчиња, но, сепак, имам што да понудам на теренот“, рече Хендерсон.
Ова е негово враќање во Премиер лигата по две години, откако го напушти Ливерпул во 2023 година за краток престој во саудиски Ал-Итифак, пред да се пресели во Ајакс, за кој одигра 57 натпревари и постигна еден гол. Kanal5
Со големо искуство од репрезентативни натпревари, потполн професионализам и посветеност на играта, важен е дел за нас.
Ќе ги подигне стандардите и ќе биде одлично засилување“, рече менаџерот на Брентфорд Кит Ендруз. Sportski
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Фудбалскиот клуб Ливерпул денес ја отфрли понудата од 58,6 милиони фунти на Баерн Минхен за крилниот напаѓач Луис Дијаз.
Баерн Минхен започна сериозен обид да го потпише Луис Дијаз од Ливерпул.
Легендарниот напаѓач Роберто Фирмино во новата сезона ќе има нов клуб откако беше постигнат договор за неговата преселба во Катар каде ќе настапува за Ал Сад.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роберто Фирмино одлучи да се раздели со Ал Ахли по две години поминати во овој клуб.
Кристијан Москера ја одби понудата од Валенсија за продолжување на договорот и цело време чекаше нова подобрена понуда од страна на Арсенал, па иако во игра беа и неколку италијански екипи, прв избор на младиот шпански фудбалер во секој момент остана англискиот премиерлигаш.
Андреа Берта го наследи Еду како спортски директор во Арсенал, а првиот преоден рок како одговорен за спортскиот проект на „топчиите“ го почна максимално ангажирано и амбициозно.
Eкипата на Пелистер денеска потврди ново засилување во своите редови и тоа крилниот напаѓач Марјан Ритовски кој се враќа во Македонија по епизодата во грчка Кавала.
Пелистер полека, но сигурно се екипира за наредната натпреварувачка сезона откако битолчани по потписите на нови договори со клучните играчи, сега се насочија кон ангажман на нови засилувања.
Ливерпул летово го урна рекордот за најскап трансфер во историјата на Премиер-лигата ангажирајќи го Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а актуелниот англиски првак сега се подготвува да го урне сопствениот рекорд, за ангажман на Александар Исак.
Англискиот фудбалски гигант Ливерпул покажа голем интерес за шведскиот напаѓач на Њукасл Јунајтед, Александер Исак.