Патникот во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите, од двомечот меѓу Шкендија и ТНС ќе се решава по продолженија, можеби и пенали откако по 180 минути игра, вкупниот резултат е 1-1. Откако минатата недела во Велс немаше голови, вечерва во Скопје двете екипи по еднаш ја затресоа противничката мрежа и се изборија за дополнителни 30 минути.
Шкендија оствари посакуван резултат во Велс и со 0:0 се врати од гостувањето кај ТНС, тим кој вечерва ќе гостува на националната арена „Тодор Проески“ на реваншот од првата квалификациска рунда во Лигата на шампиони.