Министерството за спорт на Република Македонија продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура во државата, а министерот Борко Ристовски соопшти дека ќе бидат инвестирани 544 милиони денари, односно девет милиони евра за 29 инфраструктурни проекти во 17 општини.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес потпиша договори со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев и со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, за реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура од потпрограмата на Владата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа.