ЕКИПА во Сан Марино Горан Бошев Педесетина фанови од навивачката група „Комити“, пристигнаа во Сан Марино и се стационираа на трибините, од каде ќе го бодрат Вардар, кој денеска ќе треба да го завери пласманот во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Македонски Вардар по пристигнувањето во Сан Марино го имаше првиот тренинг пред мечот со Ла Фиорита кој е реванш во Конференциската лига.
ЕКИПА во Сан Марино, Горан Бошев Одлична е атмосферата во таборот на Вардар по онаа рутинска победа од 3-0 над Ла Фиорита, но „црвено-црните“ се решени да одиграат максимално ангажирано и на реваншот во Сан Марино.
ЕКИПА во Сан Марино Горан Бошев Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции.