Управата на ФК Вардар реши да им додели на играчите премија од 100.000 евра, ако нашиот клуб го помине второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, каде ќе ги одмери силите со швајцарскиот претставник . Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешното прво квалификациско коло.