Доколку Вардар успее да ја мине швајцарска Лозана, во третото квалификациско коло од Конференциската лига ќе игра против екипа од Молдавија или Казахстан.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска на ждрепката за третото квалификациско коло во Конференциската лига ги дозна потенцијалните противници, а тоа се Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан Вардар ќе се соочи со Лозана во второто квалификациско коло, а доколку успее да слави против швајцарскиот тим, тогаш ќе игра против победникот од дуелот меѓу Зимбру и Астана.