Давид Де Хеа повторно се чувствува како важен играч во едно фудбалско опкружување и тоа е од круцијална важност за секој член на највисоко професионално ниво, нешто што во дадената ситуација му беше овозможено од Фиорентина, клуб кој му подаде рака во најтешките моменти од кариерата.
Давид Де Хеа фудаблски воскресна во Фиорентина и си ја врати насмевката на своето лице со изданијата во Серија А, нешто што изгледаше незамисливо по кошмарниот период кој го имаше по заминувањето од Манчестер Јунајтед.