На 12 септември на „Градскиот стадион' во Штип под светлото на рефлектори, ќе се одигра натпревар меѓу ветераните на Брегалница и Црвена Звезда, дуел со кој ќе се одбележи повеќе од сто години постоење на штипскиот фудбалски клуб.
Македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница сезоната ја почнува со нов инвеститор и со ново раководство и стручен штаб, најавија на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и новиот турски сопственик Мурат Шамил Шен.