Минатогодишниот учесник во главната фаза од Лигата на шампионите, екипата на Црвена Звезда се измачи на гостувањето против шампионот на Гибралтар, Линколн, во 2. квалификациско коло од ЛШ. И покрај огромната фаворитска улога, „црвено-белите“ едвај дојдоа до минална победа од 0-1 со голот на Дуарте во 30. минута од средбата.
Повеќе од 50 минути, белграѓани играа и со фудбалер помалку по исклучувањето на Јунг-Ву во 40. минута.