Англија и Шпанија беа финалисти и на Светското првенство за фудбалерки во 2023 година, а селекции од двете земји играа меѓу себе во финалето на Европското првенство за фудбалери лани. Novamakedonija
Во утрешниот меч (од 18 часот) Англија ја брани европската титула, а Шпанија сака да го додаде тој трофеј на освоените на Светското првенство во 2023 година и во Лигата на нациите лани Во утрешното финале на 14-то Европско првенство (ЕП) за фудбалерки во Швајцарија ќе играат актуелниот европски првак Англија и актуелниот светски шампион Шпанија (од 18 часот, во Базел). Патот на репрезентацијата на Англија до нејзината прва европска титула во 2022 година беше остварен со шест победи и со само два примени гола.
Нивната одбрана на титулата е ролеркостер, во кој загубија во првиот натпревар од Франција, се вратија со импресивни победи на дуелите со Холандија и со Велс, а потоа губеа до доцна во натпреварите со Шведска и со Италија во нокаут-рундата, но тимот на селекторката Сарина Вигман и добро опремената клупа со резерви продолжуваа да наоѓаат начин, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). – Секако дека сум среќна, а уште посреќна сега што се пласиравме во финалето. Novamakedonija