Новото бомбастично засилување за лондонски Арсенал, Виктор Ѓокереш, ќе го носи дресот со бројот 14, кој во минатото им припаѓаше на неколку славни играчи на „топчиите“, меѓу кои е и Французинот Тјери Анри.
Веќе долго време навивачите на Арсенал се во голема неизвесност околу потписот на напаѓачката машина на Спортинг, Виктор Ѓекереш, но се чини дека од денес можат да се опуштат.