Наполи победи на пријателската против Катанзаро со 2:1, а неколку часа по финишот на мечот, италијанскиот првак официјализираше уште едно летно засилување, шесто по ред.
Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупскиот сајт на неаполскиот клуб.