ФЦСБ и Шкендија вечерва го играат реваншот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), а по 35 одиграни минути резултатот е 1-1. Домаќинот успеа да ја пробие одбраната на Шкендија преку Цисоти во 28. минута, но набрзо тетовци го возвратија ударот преку Латифи кој ја замолкна арената во Романија.
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Контроверзниот газда на ФЦСБ, Џиџи Бекали пред реваншот против македонскиот шампион Шкендија најавуваше убедлива победа и пласман на романскиот тим во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), меѓутоа на крајот се случи спротивното.