Неверојатни вести пристигнаа попладнево од Франција - српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ станува еден од сопствениците на познатиот фудбалски клуб Ле Ман, кој моментално се натпреварува во Лига 2! Новак влегува во овој бизнис заедно со момчето на најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, Џорџ Франгулис, кој е и извршен директор на компанијата „Оукбери“, која влегува во Ле Ман преку бразилскиот инвестициски фонд „ОутФилд“.
Добро е познато колку Новак Ѓоковиќ го сака фудбалот, а сега официјално стана дел од „најважната споредна работа на светот“.