Коди Гакпо најдобро се снајде пред противничкиот гол во 55-тата минута и го донесе Ливерпул во ново водство, овојпат од 2-1. Радоста на „црвените“ траеше само девет минути, бидејќи Марун Санади во 64-тата минута повторно го израмни резултатот, овојпат на 2-2. Сепак, на крајот нова победа за Ливерпул, а најзаслужен за тоа беше Коди Гакпо, кој во 70-тата минута го постигна својот втор гол на овој меч, за победа од 3-2. До крајот на натпреварот можеше да биде и поубедливо, но Мохамед Салах не успеа да реализира пенал. Sportmanija