Њукасл се мачи кога е во прашање трансфер пазарот, но најголемиот проблем го има „дома“ затоа што Александер Исак е незадоволен и сака да го напушти клубот.
Њукасл му испрати на Лајпциг нова официјална понуда за напаѓачот Бенџамин Шешко, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Англискиот клуб сега е подготвен да плати 80 милиони евра за 22-годишниот Словенец, како и да плати уште 10 милиони евра во бонуси.
Фудбалерот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, е на пат да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата, според информации од „Скај Германија“.
Facebook / Newcastle United Њукасл силно го посакува Бенјамин Шешко, но има конкуренција од Манчестер јунајтед, па неизвесно е во кој од овие два клуба ќе заврши Словенецот.