Кошаркарите на Пелистер им се вратија на победите во домашниот шампионат и во возбудлив натпревар на свој терен го совладаа составот на Кожув со 92-87. „Зелено-белите“ по стартните победи и во домашниот шампионат (три во низа) и во АБА2 лигата, во последниот период влегоа во мини-криза, а тоа беше видливо и на денешната средба против разиграните гости од Гевгелија.
Пелистер продолжува со згуснатиот ритам натпревари, па така денека избраниците на Александар Петровиќ со почеток в 18.30 часот ќе излезат на мегдан со Кожув.