Првиот трофеј во НБА сезоната, помалку престижниот наменет за победникот на несекојдневното натпреварување кое беше воспоставено дури минатата година, го подигнаа кошаркарите на Милвоки, откако во финалето на НБА Купот во Лас Вегас убедливо ја совладаа екипата на Оклахома со 97-81. По возбудливото и изедначено прво полувреме, во кое Оклахома почесто беше во водство, но не позначајно од седум поени, Милвоки одигра силна трета четвртина во која прими само 14, а на другиот крај од теренот постигна 26 поени, и замина на плус 13 – 77:64. Во тимот на Док Риверс се истакна и искусниот Демијан Лилард, кој во тандем со грчкиот претставник претставуваше нерешлива енигма за одбраната на Тандер. Alsat