Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс запишаа нов пораз сезонава во НБА лигата откако синоќа беа поразени од Детроит пистонс на домашен терен со 114-117.
Леброн Џејмс одигра како во најдобрите денови и го предводеше Лејкерс до гостинска победа кај Сакраменто од 103-99, Далас без Лука Дончиќ убедливо го совлада ЛА Клиперс со 113-97. Натпреварот беше тесен, но Лејкерс водеше во најголемиот тек на мечот, секогаш кога Сакраменто ќе успееше да дојде до предност, гостите веднаш го враќаа водството и на крајот заслужено триумфираа со 103-99. Леброн Џејмс беше најдобар на теренот, постигна 32 поени, имаше седум скока и шест асистенции.