Никола Јокиќ постигна 28 поени, додаде 10 скокови и 12 асистенции за својот 24-ти трипл-дабл оваа сезона, а Денвер Нагетс го совладаа Орландо Меџик со 112:90. Денвер ја оствари петтата победа по ред без поголеми проблеми, а српскиот центар, еден од најголемите кандидати за Наградата за најкорисен играч (MVP), ја помина последната четвртина на клупата.
Трикратниот MVP на НБА лигата натпреварот против Орландо го заврши со шут 11/16, а повторно воодушеви со некои потези на теренот.