Малик Бисли ги предводеше стрелците на победничкиот состав со 26 поени, Канингем имаше 21 поен и 11 асистенции, додека најефикасен кај Бостон беше Тејтум со 27, пред Вајт и Причард со по 18. ЛА Клиперс триумфираше на гостувањето против Чикаго со 117-122, пред се благодарение на Харден и неговите 30 поени, додека Гилџус Александер со 27 поени и пет асистенции го предводеше тимот на Оклахома Сити до победа на гостувањето во Бруклин (121-129). Резултати НБА: Детроит – Бостон 117-97, Индијана – Торонто 111-91, Њујорк – Филаделфија 110-105, Вашингтон – Портланд 121-129, Бруклин – Оклахома Сити 121-129, Мајами – Атланта 131-109, Чикаго – ЛА Клиперс 117-122, Јута – Сакраменто 101-118, Хјустон – Сан Антонио 118-106. Ekipa