Екипата на Денвер се врати на второто место на табелата во Западната конференција откако ноќеска славеше во дербито со Лос Анџелес Лејкерс со 131-126.
Гостите на овој меч настапија драстично ослабени бидејќи освен Леброн Џејмс, не играше nи Лука Дончиќ, како и Џексон Хејс, Доријан Фини Смит и Руи Хачимура, па го доживеаја четвртиот пораз во низа кој ги однесе дури на петтото место на табелата.