Ракометната репрезентација на одигра рамноправен меч со , но не успеа да дојде до позитивен резултат (21-23) за да се пласира на Светското првенство (СП) кое ќе се игра оваа година заради поразот од четири гола во првиот меч во Кошалин.
Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22. Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10. Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.