Минесота Тимбервулвс ја искористија повредата на Стефен Кари во победата над Голден Стејт Вориорс со 117:93 дома и да израмнат во полуфиналето на плејофот од Западната конференција на НБА лигата на 1-1. Кога Голден Стејт излезе на теренот без главната ѕвезда Кари, кој претрпе повреда на тетивата во првиот натпревар, Минесота веднаш ја презеде иницијативата и поведе со 25:7, а Волците отидоа на полувремето со убедливо водство од 56:39. Без тројките на Кари, Вориорс не беа во можност да ја намалат разликата, а тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, го крена белото знаме на четири минути до крајот и ја повлече стартната петорка на клупата. Netpress