Екипата на Бостон Селтикс забележа победа на гостински терен над Њујорк Никс со 115-93 и така ја анамали негативата на 2-1 во полуфиналната серија на Истокот.
Актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, со уверливи 115:93 ги совладаа Њујорк Никси во Медисон Сквер Гарден и така стигнаа до првата победа во ова полуфинале од плејофот во Источната конференција на НБА лигата и го намалија заостанувањето на 1:2. Така продолжува трендот во Источната конференција, каде и по шест одиграни натпревари во вториот круг, домашната екипа сè уште нема запишано победа.