Далас Маверикс доби прв пик на претстојниот НБА драфт 2025, кој ќе се одржи на 25 и 26 јуни во Бруклин.
И покрај тоа што имаа само 1,8 отсто шанси за победа на НБА драфт лотаријата, Далас Маверикс го добија правото да го изберат првиот пик на претстојниот драфт во НБА, одлучи ждрепката одржана во понеделникот во конгресниот центар „МекКормик Плејс“ во Чикаго.