Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан.
Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра.
Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони.
Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија. Kurir
Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Topsport
Сепак, факт е дека не го искористи максимално својот потенцијал, имајќи предвид дека Бакс во 2014 го избраа како втор пик на драфтот, а вкупно во НБА одигра само 310 натпревари.
Причина за тоа беа неколкуте повреди поради кои пропушташе речиси цели сезони, па во последните четири години во НБА, вкупно настапи на само 31 меч. Kos
Партизан во следните неколку дена би требало да го комплетира најбогатиот трансфер во српската кошарка, откако влезе во завршна фаза од преговорите со Џабари Паркер.
Поранешниот втор пик на драфтот во НБА имаше одлична сезона со Барселона, но поради финансиските проблеми на каталонскиот гигант ќе биде принуден да го напушти тимот една година пред истекот на договорот. Ekipa
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Раперот Дрејк (38) се огласи преку Инстаграм приказна и призна дека изгубил 8 милиони долари на обложување во текот на изминатиот месец, пишува „Дејли мејл“.„Морам да ја споделам и другата страна на обложувањето… Загубите се навистина луди во моментов … Се надевам дека наскоро ќе можам да ви покажам некои големи добивки, бидејќи се чини дека сум единствениот што никогаш не го видел „Макс“, додека сите други го добиваат барем еднаш неделно“, напиша музичарот.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Американскиот кошаркар Кевин Дурант е разменет Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Американскиот кошаркар Кевин Дурант e продаден од Феникс Санс во Хјустон Рокетс, објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Грчкиот репрезентативец Јанис Папапетру ја изненади јавноста во својата земја откако денеска објави крај на кариерата, на 31-годишна возраст.
Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Руди Гобер, нема да игра за француската репрезентација на претстојното Европско првенство.
Најавата на новото раководство на Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФМ) предводено од Томица Главчев за бришење на придавката „Северна“ од името на оваа организација позитивно беше прифатена од домашната јавност, но истовремено предизвика паника во соседна Грција.
Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија одржа состанок на кој беа донесени неколку важни одлуки, а воедно е решено зборот „северна“ да се тргне од името на федерацијата после период од шест години.