Леброн Џејмс ќе продолжи да игра за Лос Анџелес Лејкерс и во следната сезона откако ја искористи опцијата во својот договор, вредна 52,6 милиони долари за сезоната 2025/26. Оваа вест ја потврди новинарот на „ЕСПН, Шамс Чаранија, а одлуката на Џејмс значи дека на 41-годишна возраст ќе ја одигра својата рекордна 23-та сезона во НБА, станувајќи првиот играч во историјата со толку многу сезони во најсилната кошаркарска лига. Gol