Управата на Лос Анџелес Лејкерс и словенечката суперѕвезда, Лука Дончиќ, пронајдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, што значи дека доскорешниот играч на Далас добива четиригодишен договор, вреден дури 229 милиони евра.
Новиот договор беше повеќе од очекуван, но сега се појавија првите конкретни информации кои велат дека Лејкерси ќе се обидат во следните сезони да изградат комплетно нов тим, чиј предводник ќе биде токму Дончиќ.