МЗТ имаше подобар почеток на натпреварот и водство од 10-5, меѓутоа Пелистер почна да се буди до крајот на првата четвртина направи пресврт (21-19). Големата борба продолжи и во вторите 10 минути од натпреварот, а битолчани стигнаа и до плус седум (31-24), меѓутоа скопскиот тим до полувреме намали на 35-37. Пелистер даваше отпор во воведните пет минути на второто полувреме, меѓутоа МЗТ потоа ја презема контролата и го сврте мечот во своја корист, па така во последните 10 минути од дуелот влезе со водство од 56-50. МЗТ на почетокот на последната четвртина поведе со +11 (61-50), додека Пелистер се мачеше во нападот, па на крајот екипата од Аеродром го потврди одличното второ полувреме (43-27) и славеше со конечни 78-64 и се закити со уште една титула. Sport1